ЕКО Работилница - TRASH TO ART

ЕКО ЛАБ и Џифони Македонија организираа еко работилница TRASH TO ART која беше отворена за сите ученици кои се грижат за животната средина и со рециклирање на отпадот сакаат да создадат нови дела или предмети со нова употребна вредност.

Најдобрите творби учествуваа во изборот за награди на конкурсот TRASH FOR ART на ПАКОМАК .

Работилницата се одвиваше на 12 март и 13 март во просториите на Џифони Македонија. Учеството за сите ученици беше целосно бесплатно, а секој учесник доби маичка и ужинка за време на работилницата.

На првиот ден од работилницата учествуваа средношколците од разни општини во Скопје кои заедно се истакнаа со својата креативност и добро се забавуваа. Се кристеше пластичен отпад од пакувања, како најголем загадувач на човековата средина.

На вториот ден од работилницата со ученици од основните училишта се случи експлозија на креативноста. Отпадот од хартија и пластични шишиња беше трансформиран во робот, ајкула, маче, куче, жаба, ракета...

Заедничкиот заклучок е дека треба да се одбива користењето на пластика, да се намали употребата на пластика, повторно да се употреби ја веќе купената пластика, да се пренамени и да и се најде нова употреба на пластиката и на крај рециклирај!

Refuse, Reduce, Reuse, Repurpose and Recycle